Иселениците го преплавија Тетово – градот во хаос

Исселениците го преплавија Тетово.Со нивното доаѓање метежот низ градот е хаотичен.Сообраќајот е пред колапс,во одредени периоди од денот, невозможно е да се помине со автомобил.Рестораните се полни, а и свадбени и други прослави се прават наголемо,дури и со по 500-тини гости.На ризикот од ширење на новиот сој омикрон,се чини сите заборавија.И лекарите периодов алармираа дека ни се потребни мерки, но надлежните се против.

Да размислуваме што можеме да направиме.Целиот свет купува време, така и ние мора,гледате се ограничуваат летови, се ставаат во карантини пациентите..тоа се тие превентивни мерки , со кои може да се купи време, да се спречи,да се одлжи појавата на оваа нова мутација што е многу контагиозна – изјави Д-р Светлана Трифуновска- Матичен лекар.

Тетовци велат дека се плашат-празниците да не ни ја влошат состојбата.Но,со вакцини и почитување на мерките ризикот е помал.Сретнавме и печалбари низ градот-кои се на истото мислење.

Печалбарите секако се пожелни за раздвижување на економијата,но движењето на луѓето во време на пандемија е ризик.Токму исселениците и бројните свадби изминатово лето скапо не чинеа.Тетово го живееше најтешкиот период од пандемијата,кога болниците беа преполни,бројките на заразени застрашувачки растеа, а бројни семејства останаа без своите најблиски.Поука од сето ова,на крајот се чини, како да не извлековме.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста