Исчезнатото момче се уште не е пронајдено, Преспа без професионални спасувачи

Во Претор во траурна атмосфера и исчекување, до подготвувањето на нашата репортажа, с`е уште се очекуваа припадниците на специјалната единица на МВР од Скопје, за да се обидат да го пронајдат исчезнатото шеснаесет годишното моче од Ресен, кое вчера после 17 часот исчезна во езерските води. Трагичниот настан се случил, откако момчето со двајца другари зеле педалинка и се оддалечиле стотина метри од брегот. Како и што се случило, допрва ќе се утврдува, меѓутоа момчето во критичниот момент исчезнало во водите. Сите обиди за помош и спасување биле безнадежни, а по него се трагаше цела ноќ и утрово од четворица нуркачи, но безуспешно. Претходно, имало обиди за пребарување и со рибарски мрежи.

“Во моментов кога втасавме горе, двете дечки беа на педалинка и педалинката не беше превртена и кажаа дека детето рипнало од педалинка и повеќе не излегло горе. Почнавме да го бараме, меѓутоа водата е многу матна со терва и ете досега не го најдовме- рече Сашо Наумовски.- Баравме помош да се организира државата и да пуштат тука помош. Ние си најдовме сами нуркачи, двајца од Охрид, еден од Скопје и еден од Битола. Од зношти го баравме, уште не можат да го најдат детето, го нема- рече Имет Аминовски.- Гревота за родителите. Треба да дојдат поголема екипа на луѓе за да го бараат оти вака не можат да го најдат, оти цела ноќ бараат и не можат да го најдат” – рече Мурат Муратовски.

Првичната информација дека педалинката се превртила се покажа дека не е точна.

“Ова е таа педалинка каде што се случи несреќата, а педалинките ми се во исправна состојба. Значи, не се превртила туку тие скокале од педалинка” – рече сопственикот Ведад Адемовски.

Во  атмосфера на исчекување и нервоза поради инертноста на надлежните, кога ќе стасаат специјалците и дали ќе успејат да го пронајдат удавеното момче како што се претпоставува, тукашните жители не потстетија на настани од претходните години и деценија за неколку удавени момчиња во Претор, Асамати и Отешево, со предупрадување дека поради разни струења, подземните езерски води се опасни посебно за младите, што условува потреба за професиоанлни спасувачки екипи.

Ова не е прва трагдеија на Преспанското езеро, бидејќи подземните води се многу опасни дури и за искусни пливачи. Меѓутоа, се поставува прашањето, во очекувана сезона на домашни гости, да нема речиси ниту една спасувачка екипа освен во “Конект бич” кај Сливница.

 

Петар Стефановски 

Advertisements