Иран осуди на смрт американски шпион

Ирански суд осуди едно лице на смртна казна поради шпионажа во корист на САД, додека шестмина се осудени на десет години затвор.

Две лица се осудени на затвор за шпионирање за САД, додека четворица се осудени откако биле прогласени за британски шпиони.

– Едно лице е осудено на смрт поради шпионирање за САД … но на пресудата е поднесена жалба, рече портпаролот на судот. Тој потврди дека се изречени и десетгодишни затворски казни за останатите обвинети.