Иран објави видео со лажен атентат врз Трамп и со порака- САД ако започне војна ние ќе ја завршиме ( Видео)
Иран објави лажно видео на кое снајперист стрела кон американскиот претседател Доналд Трамп веднаш по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, во видеото во една од пораките стои „Америко ако започнеш војна, ние ќе ја завршиме“.
Монтираната снимка, е објавена од новинската агенција на иранската влада, „Фарс“.
Снајперистот, кој се крие зад решетките, вади пушка од куферот, погледнува во фотографија на иранскиот генерал Касем Сулејмани,
потоа тој пука неколку истрели кон американскиот претседател, а телохранителите трчаат да го заштитат.
Лажното видеото е објавено еден ден пред нападот врз американските бази во Ирак, во кој загинаа 80 американски војници.
КАТЕГОРИИ Свет