Инженерите бараат заштита на јавниот интерес во случајот Митилинеос од Комисијата за заштита на конкуренција

Инженерите бараат заштита на јавниот интерес во случајот Митилинеос од Комисијата за заштита на конкуренција

Комисијата за заштита на конкуренцијата да застане во одбрана на јавните интереси. Здружението на инженери поднесе претставка до комисијата за да го стопираат процесот за доделувањето на 50 милиони евра кеш на грчки Митилинеос .

 Инженерите алармираат дека Законот за стратешки инвестиции, врз основа на кој се склучуваат спорните договори, е нетраспарентен оти институциите кои треба да дадат позитивно мислење за да се прифати некој проект како стратешки имаат рок од само седум дена. Експертите  алармираат комисијата да постапи разумно и да не го даде неопходното одобрение за доделување на државната помош за изградба на комбинирана централа во скопска „Железара“ од грчкиот инвеститор Митилинеос.

Македонија  се обврзува речиси на се што побарала грчката компанија . Според договорот на Митилинеос им се овозможуваат поволности кои ги прават поконкурентни од сите други. Не само што сме обврзани да им купуваме загарантирано количество електричната енергија, туку во случајов мораме да им  плаќаме и  загарантирано количество на толината која доаѓа како нус појава од самото производство на електрична енергија. Македонија во случајов според предупредувањата и пресметките ќе ја купува по цени повисоки од берзанските.

Според здружението на инженери , за да влезат законите во собраниска процедура позитивно мислење морало да има и од државното правобранителство . Алфа речиси една недела чека на одговор од првиот човек на институцијата како постапил , а здружението пак ги чека актите за кои е издадено мислењето за 12 проекти од кои само четири влегоа во собраниска процедура.

Нетранспарентноста оди до таму што покрај тоа што јавноста не е запознаена со мислењата кои ги дале или допрва треба да ги дадат институциите за да се донесат законите за таканаречеите стратешки инвестиции ги нема ни подзаконските акти на Законот за стратешки инвестиции.  По алармите дека ако се дозволи изградата на комбинираната централа ќе им овозможиме на грците да си заработуваат и над една милијарда годишно и дека Македонија сама треба да си ги гради капацитетите, од Владата се правдаа оти многу сме се потрошиле за енергетската криза па сме немале пари за да градиме.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста