Инвеститорот го претстави планот за високатниците кај „Холидеј Ин“

400 станови, локали и канцеларии се планираат со идејното решение за парцелата наспроти  „Холидеј Ин“.  1250 жители ќе се вселат и сместат во новите три згради кои ќе се подигнат на оваа локација..  Две од новите згради според проектот кој беше презентиран, ќе бидат станбени а третата ќе биде деловна со простор за локали и канцеларии. Во сите три објекти ќе има по две подземни нивоа,  со околу 1000 паркинг места и зелена површина од 6250 квадратни метри. Инвеститорот и архитектите убедуваат дека проектот е модерен и целосно еколошки и енергетско ефикасен.

„ Во ДУП-от пишува дека влезот е од улица 2, а на кејот ќе има излез. Паркингот ќе биде во рамките на градежната парцела, а имаме можност да паркираме и во катната гаража спроти“, изјави архитектот Мартин Пановски.

Во поглед на тоа дали ќе има градинка или училиште, согласно ДУП-от, од компанијата изјавија дека не е превидено, но можело да се отвори посебна градинка во деловниот простор. За слободни места во училиштата побарале информации од надлежните институции но не добиле бидејќи како што рекоа ни самата државата не знае колку вакви капацитети има.  

Во меѓувреме, граѓаните продолжуваат со потпишување на онлајн петиција. Но, архитектот Гугуловска, еден од авторите на идејниот проект, и порача на јавноста да провери, дали била изманипулирана, со ставањето потпис на петицијата..

„Што се однесува до петицијата, јас колку што знам таа гласи ‘Не за масовни чудовишта’, а не е за не градење или стопирање на градба. Имајќи во предвид дека таа макета изработена од наши колеги, не соодејствува со деталниот урбанистички план според кој е правен овој проект, мислам дека е беспредметно да правиме муабет за некаква петиција, која што е направена врз база на некакви си модели кои не се согласни со ДУП. Јавноста треба да види дали била изманипулирана или не“, рече архитектаката Јана Гугуловска-Ѓорѓевик.

И додека инвеститорот се подготвува за градба, продолжува префрлањето на одговорноста меѓу институциите.. Градоначалникот на Центар – Богдановиќ, вели, дека во следните две недели, ќе направи се што е во негова моќ, но, упати и порака до Министерството за транспорт и врски, и тие да преземат нешто, конкретно, да ја потпишат суспензијата на елаборатот, која општината ја доставила до нив.. Министерството за транспорт, е прво посочено во јавниот повик, од 29 граѓански организации, универзитетски професори и архитекти, коибараат од премиерот Заев,  да помогне во суспендирањето на планот за високатниците..

Викторија Миткова

Advertisements