Инвестираат во бизниси и нови куќи, но никој не мрда со прст да им направи пат – Алфа репортажа за отсеченото село Луковица

Ова се пет и пол километри пат без асфалт по кој мора да се помине за да се стигне до селото Луковица на планината Сува Гора во рамки на Општина Желино. Вака со скокање на возилата по земјениот пат со децении патуваат и се мачат педесетината жители и голем број луѓе кои доаѓаат за викендите.

Но иако се соочуваат со ваков проблем селото живее и расте. Лукојчани се трудат и градат.  Направени се многу куќи, водовод, поставени плочки по селските друмови.Имаат три цркви и конаци. Сетоа тоа сами со свои пари.

 Моментално во фаза на градење ќе бидат три куќи.  Ни бараат многу градежни, земјишта… сакаат да прават, ама патот е проблем. Највише кошта превозот, него што кошта материјалот. Ја како што памтим 1972/73 имаше само 26 куќи но стигна до 75 – изјави Миле Сибиновски – Месна заедница.

И не се градат само куќи и викендици. Има дури четири фарми со домашни животни, а велат би имало и повеќе да имаат пат.

Ќирко Милошевски има фарма каде чувал 250 кози, но половина ги продал.  Произведува сирење но нема што да му прави на вишокот млеко затоа што ни една млекарница не може да прати возило по тој пат секојдневно за преземање на млекото.

Бизнисот иде добро све, највише ни пречи патот. Ни млекара, ни .. иначе ја би држел 500. Имам фарма, сакав уште една фарма да правам. Ама поради тоа немам услови да опстанам со нив – изјави Ќирко Милошевски.

Иако се мачат со доаѓањето, Анѓеле и Љубица Мишески не се откажуваат од намерата да го почнат планираното одгледување на свињи.

Фармава е на синот, пред осум години ја има почнато направено и после одлучија да одат во Германија и ние сега доправуваме, одржаваме. Меѓу тоа тешко е затоа што патот не е прооден – изјави Љубица Мишески – жител на Луковица.

Од април до ноември уште повеќе луѓе живеат, постојано. Ги привлекува природата и спокојниот живот на село.

Ние сме на надморска височина околу 950 метри. Што значи ја да отидам до Маврово ми треба…еднаш да отидам, овде ќе дојдам два пати. И финансиски намалувам, а сепак сум во природа. Куќата сакам да ја сочувам тоа ми е наследство од дедо, татк – изјави Јованче Сибиновски – жител на Луковица.

За старите поубаво е тука, мозокот да го одмори и ќе си живее од убоо поубоо. Осум месеци седиме овд – вели Гија Сибиновска.

Местоположбата и близината до езерото Козјак го прави селото потенцијал за планинско-рурален туризам.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста