Инвазија од машини во Градиште, пештанци бесни – кој гради?

Во строго заштитен појас на автокампот Градиште цела година бесправно се заѕидува крајбрежјето,се врши узурпација на земјиштето на кое се градат објекти и од цврста градба.Со камиони постојано се носат градежни матерјали,забрзано се работи на диво,таму се’ е незаконски изградено, бидејќи нема урбанистички план за тој потег-велат пештанци. Обединети во Здружението “ Оревче “кое го сочинуваат претставници на 150 семејства од Пештани, велат дека ќе превземат и радикални мерки доколку Премирот Заев не се исправи пред нив и не ми одговори што се случува во Градиште. Изразуваат сомнеж и без влакна на јазик зборуваат дека зад овие матни игри со нивните имоти, стојат моќници.

Државава ја купија тие, не да царува.Секоја држава има своја држава, ама кај нас мафијата си имат своја држава.Не може вака, или ќе дојдат овде им даваме рок од 7 дена или превземаме радикални чекори изјави Љупчо Гугоски Здружение на граѓани “ Оревче “.

Пештанци кои 20 години безуспешно се обидуваат со процесот на денационализација да си ги вратат одземените имоти токму во автокампот Градиште, гневни,отворено ги посочуваат фирмите чии сопственици аздисуваат приграбувајќи дел од крајбрежејето.

Сите тие си градат покрај нивните кампови си прават хациенди, носат платформи, носат контејнери со 2-3 спални.Со кого имаат договор потпишано ? Имаат договор потпишано сега е КВМБ “Нова трејт”, сопственик е Сашо Велјаноски  некој, претходно беше “Екста Скопско” па “Два бисери” беше а тоа го дава корисникот на имотот “Инекс Горица Ремис”  под закуп на трети лица – кажа Ѓорѓи Танески- Здружение на граѓани “ Оревче “.

Инкасира годишно некаде преку 500.000 евра од тоа место за да истиот сега концесионер е учесник во градбата на елитниот хотел на брегот на Охридското езеро кај хотел Парк. До кога оваа држава ќе биде во служба на овие концесионери, на овие профитери, луѓе кои во животот ништо не работале за да тие бидат сега носители на целото богатство од нашава држава – рече Наум Цаноски Здружение на граѓани “ Оревче “.

Пред точно една годинапод притисок на јавноста градежните инспектори се растрчаа,наводно спроведувајќи ја акцијата за рушење,на нелегално изградениот ѕид,но пештанци тврдат дека ништо не е мрднато со прст.Чуварската служба не дозволува влез во автокампот.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста