Интервју со Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации: Членовите на одборите во ЈП се избираат во партиски кругови

Членството во партија се уште пресудно за избор на членовите на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија. И смената на 200 функционери опфатени со метлата на Заев не е транспарентен процес. За партизираните избори во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија, Центарот за граѓански комуникации направи детално истражување. Повеќе детали од разговорот на Тања Попова со Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации.