Интервју со Марк Кок – координатор на групата либерали во Советот на Европа

Ниту во Белгија нема двојазичност на територијата на цела држава туку само во главниот град Брисел вели во интервју за Алфа екс европратеникот Марк Кок кој сега е координатор на групата либерали во Советот на Европа.

Овој европски либерал вели дека сите граѓани и од поголемите и од најмалите етнички групи треба да ги уживаат правата согласно европските стандарди но владата мора да го почитува мислењето на Венецијанската комисија која оштро го критикуваше законот за јазиците.

Со белгискиот политичар кој 33 години е во европската политика разговараше Горан Момироски.