Интервју Мицкоски за Алфа: Крајно време е власта да го напушти примитивниот инает и да им помогнеме на граѓаните и стопанството

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ алармира, дека власта, подготвува повисоко зголемување на цената на нафтените деривати, не за два, туку за три денара по литар.

Во интервју за Алфа, тој предупредува дека во услови на тешка криза, граѓаните ќе станат жртви на апетитите на власта, и на тесен круг бизнисмени околу неа, кои, наместо да се откажат од непродуктивните трошоци, сакаат дополнително да ќарат на нивниот грб.

Според Мицкоски, крајно време е власта да го напушти примитивниот инает и да го стави во преден план интересот на граѓаните и стопанството, а не на партијата.

Апелира на соработка, но и го поздравува тоа што една по една, власта сепак почнала да ги прифаќа мерките за излез од кризата што неговата опартија уште во старт го предложи.

Во таа насока, тој го поздрави и потегот на Народната банка за намалување на износот на благајнички записи, за што и самиот апелираше.

Мицкоски предупредува дека веќе не смее да се губи време и наместо како што вели „пиши бриши уредби“, треба да се работи и на подолгорочно сценарио за одбрана на македонската економија.

Погледнете го целиот разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста