Интерпелација за работата на вицепремиерот за европски прашања – Николоски: Димитров да си замине поради европското фијаско и неисполнетите ветувања

Фијаско на политиката на владата на полето на евроинтеграциите,неисполнети ветувања за преговори со Брисел, распродажба на националниот идентитет и историја.Ова според Александар Николоски се дел од главните причини поради кои вицепремиерот Никола Димитров треба да замине од функцијата. Образложувајќи ја интерпелацијата пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ го посочи Димитров дека заедно со Заев дека се најодоговорни за неуспехот на надворешен план. Меѓу другото и како креатори на договорот со Бугарија. Тема за која според опозицијата вицепремиерот и избегнувал расправа во законодавниот дом. Барањето за смена на вицепремиерот како што истакна е првиот чекор за уривање на парламентарното мнозинство, а другите чекори ќе следат наредните недели.

“Никола Димитров е архитект и на договорот со Бугарија кој има еднна голема фалинка во себе. Нема никакви гаранции во договорот за тоа какви се обврските на Бугарија кон Македонија, односно нема никакви заштитни механизми за тоа ако Бугарија не ги почитува своите обврски од договорот. Треба да сте тотален политички аматер или да имате друга агенда да потпишете договор со соседна држава која ви ги подрива основните темели на државата и притоа да немате никакви гарантни механизми во истиот”, рече Николоски.

Димитров одоговори со прашања. Ја праша опозицијата за што го обвинува. Дали за тоа што не испорачал преговори по цена на македонскиот јазик и националните интереси?

“Можеби тоа го сакавте за да можете да ја пласирате тезата за распродажба на националните инѕтереси. Бидејќи вака таа теза не поминува. Тоа ако барате од мене никаогаш нема да го испорачам. Среќа не се сетивте да и поднесете интерпелација на Европската комисија за тоа како се дрзнале на оваа влада да и дадат безусловна препорака или пак на евриопскиот совет за зеленото светло без услови за почеток на преговорите”, рече Димитров.

Ова е трета интерпелација за работата на Димитров изминативе три и пол години. Претходните два пати за неговата работа пред парламентарците одговараше како министер за надворешни работи.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста