Интерпелациите дојдоа на дневен ред: Ќе преживеат ли функциите на Маричиќ и Николовски?!

По повеќе од четири месеци откако беа првично поднесени интерпелациите, конечно во Собранието на дневен ред стигна изгласувањето доверба за министерот за правда Бојан Маричиќ, и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски. Ова доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ мораше официјално повторно да ги поднесе интерпелациите, бидејќи собранискиот спикер Талат Џафери не ги стави на дневен ред, на седницата на која се гласаше доверба за првиот човек на полицијата Оливер Спасовски.

Интерпелацијата за Николовски опозицијата ја поднесува поради како што велат најлошите бројки кои државата ги има во секторот кој е негова надлежност. Македонија е на 111-то место на листата на Транспаренски Интернешнл за борба против корупција во светски размери, во друштво со Панама, Уганда, Занзибар и други слични земји. Дека е потребна одговорност од Николовски и Маричиќ опозицијата повтори и на последната седница кога гласањето доверба на Маричиќ и Николовски не беше ставено на дневен ред.

-Побаравме на денешната Седница да се стават на Дневен ред интерпелациите за Љупчо Николоски и Бојан Маричиќ. Граѓаните секојдневно се сведоци за зголемен степен на корупција. Граѓаните секојдневно гледаат дека нема ниту еден чекор насочен кон реформа на правосудството. Тоа го нотираат и сите релевантни меѓународни институции. Затоа, потребно е час поскоро да се отвори Седница за одгворност токму на министрите кои се надлежни во овие две области, изјави Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицевски.

Како причина за интерпелацијата за Маричиќ се наведува политизираното обвинителство и заробеното судство. Уште кога ја најавијата интерпелацијата од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека Македонија е земја која од светот е гледана како црна дупка во Европа, точка на криминал, рекет, мито и корупција.

-Повеќе од година дена немаме разрешница за најголемата рекетарска афера во Европа. Бојан Јовановски, кој сите го видовме со полна торба пари, во судница кажа дека парите од рекетот да се бараат кај Зоран и Вице Заеви, а обвинителството не ги ни повика ниту на распитување. Сите го видовме Ден Дончев, како трпа туциња пари во торба, а ЈО требаше барем да започне истрага каде завршија парите, изјави во јануари Владо Мисајловски.

Овие интерпелации доаѓаат во период кога беа откриени поголем број афери, а за онаа првата со давањето на најмалку 215 пасоши на светски познати наркобосови и криминалци, во судски процес засега осудени или се уште им се суди само на обични службеници од МВР, но не и на некоја покрупна риба.

Матеја Петровски

Advertisements