ИНТЕР и СЕВИЉА вечерва во Келн ќе играат за трофејот во Лигата на Европа

Вечерва на стадионот во Келн ќе биде ставен крај на сезоната во фудбалската Лига на Европа. Екипите на Севиља и Интер ќе се бират за пехарот на дуелот кој е закажан за 21 часот. Искуството е на страната на андалузискиот состав кој досега пет пати го освојувал ова натпрверување, последен пат во 2016 година. Поточно шпанскиот тим ниту еднаш досега не бил поразен во финалето. Интер кој нема европски трофеј цела една деценија вечерва ќе се обиде да ја сопре споменатата традиција со тренерската тактика која ја подготвува Антонио Конте. Несомнено нероазурите имаат квалитетна екипа, а навивачите најголемата надеж ја полагаат во одличниот напаѓачки тандемРомелу Лукаку – Лаутаро Мартинез кои може да ги стават на сериозни маки дефанзивците на Севиља. Тренерот на шпанската екипа Хулен Лопетеги но очекува неговите избраници да одиграат на највисоко ниво истакнувајќи дека се желни за нова победа и европски успех. Подобриот од овој меч ќе игра во Суперкупот на Европа кој е закажан за 24.септември, а противник ќе биде освојувачот на трофејто во ЛШ, каде во финалето ќе се соочат ПСЖ и Баерн Минхен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста