Интер фуриозно до првото европско финале по пауза од 10 години

Милански Интер го декласираше Шахтар Доњецк со 5-0 во второто полуфинале од Лига Европа. Тимот на Антонио Конте жестоко ги казнуваше грешките на противничката одбрана и по пауза од една деценија повторно ќе се бори за европска титула. Во листата на стрелците еднаш се запиша Д Амброзио, а на два пати Лаутаро Мартинез и Ромело Лукаку. Ваква убелива победа во полуфинале на второто по ранг европско клупско натпреварување уште немало. Ова е и прв пат откако се игра Лига Е0вропа, еден италијански тим да се пласира во финале. Интер за противник ја има најтрофејната екипа во ова натпреварување, шпанската Севиља, која претходно го елиминираше Манчестер Јунајтед. Нивната финалната пресметка е в петок во Келн од 21 часот.