Инсулинска криза – повторно

Под силниот замав на пандемијата,  дел од хронично болните повторно оставени сами на себе.  Покрај тоа што се вратија на работа иако спаѓаат во ризичната група, дијабетичарите се жалат дека, по којзнае кој пат – инсулин во државата нема. Континуирано имаме недостиг од инсулин а здравствените власти  се чини и не се премногу загрижени.

Ние сме оставени сами на себе, со тоа што ќе се снаоѓаме како знаеме и умееме, ама ова е срамота и за самата држава, и за нас дијабетичарите кои што сме под заштита на државата и не има сите во евиденција и колку инсулин треба во државата, и да бидеме сите покриени  среде пандемија затоа што сме ние во ризични граѓани. А ова не се случува само сега, пред месец повторно немаше инсулин, не може нас да не остават на милост и немилост.

Денеска разговарав со Центарот за дијабетичари и они истото ми го потврдија дека нема инсулин. Понеделник или вторник ќе дојде значи на нас секој недела понеделник и вторник. Значи ние немаме константно, ние секогаш треба да бидеме снабдени со инсулинска терапија. 

Ние се соочуваме секогаш со проблем за инсулин ама еве сега среде пандемија, на вакви бројки, на ризични групи, да нема инсулин мислам е срамота, едноставно. Оставени сме на милост и немилост сите дијабетичари. Сега нас ни преостанува идната недела да видиме а до идната недела „Бог да не чува!“ – раскажува за Алфа дијабетичар.

Наспроти загрижените дијабетичари, здравствените власти свесни за проблемот уверуваат дека истиот бил надминат.

  • Во однос на инсулинот имаше еден краток застој во доставата заради промената на директорот на МАЛМЕД и потребата да депонира потпис меѓутоа тоа се надмина. Имаше сосем мал временски период прекин, ден или два меѓутоа овој процес се нормализира. Не само за исулинот туку и за некои други лекови.

Претходно, заради немањето интернет дијабетичарите во поликлиниката Јане Сандански не можеа да добијат и рецепти за  инсулинска терапија.  Вкупниот број на дијабетичари во Македонија изнесува 125.000 од кои 45.000 се на инсулин. Од нив 500 се деца до 18 години.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста