Инсулин повторно нема дијабетичарите го вклучија алармот

Недостигот на одредени инсулини ги испаничи дијабетичарите. Тие со месеци мака мачат да најдат инсулин и во услови на пандемија. Континуирано имаме недостиг од лекот што живот ни значи –инсулин, а здравствените власти се чини и не се премногу загрижени остро реагираат дијабетичарите на социјалните мержи.

“Денес без и за моето дете да подигнам инсулин – Новорапид во вијали нема.Во Ј.Сандански нема ниту Новомикс,Апидра и Фиасп.”

“Инсулинска аптека не е фурна па нема леб ај земи геверк. Јас примам Лантус и Апидра и само тоа можам да земам. Нивното кревање раменици и зборот стрепете се живот ми значи!”

”Без инсулин не е иста ситуација. Инсулин Фиасп нема, можеби ќе добијат во петок, не знаат. Летово чекав 21 ден за инсулин. Се што ми остана дадов на некој што немаше.” – ова се само дел од коментарите на дијабетичарите кои се жалат дека не можат да си го обезедат лекот кои живот им значи.

Иако проблемот за недостигот на инсулин е одамна познат за здравствените власти, досега решение нема. Неколку пати ресорниот  министер уверува дека проблемот е надминат, ама дијабетичарите не престануваат да се жалат.

“Проблемот се рашаваше сите овие изминати денови и тоа многу често се случува тогаш кога е при крај едната постапка и започнува другата двегодишна постапка  во рамки на МЗ. Денеска се дистрибуираат  и последните количини кои што имаше помалку, никогаш не целосен  недостаток. Така да, обезбедени сме за целиот период.” – изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Истовремено, Здруженијата на дијабетичари апелираат за време на пандемијата со Ковид државата да не ги доведува во ситуација да молат за терапија од која им зависи животот.

Во Македонија повеќе од 46.000 лица се зависни од инсулин

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста