Инсулин нема ни за лек

На повидок уште една инсулинска криза во Македонија. И во услови на пандемија,  дијабетичарите се жалат дека повеќе од две недели не можат никако да дојдат до лекот што живот им значи – инсулинот „Ново микс“. Голем дел од пациентите ги потрошиле залихите, па сега сега се приморани да се снаоѓаат. Некои успеале да позајмат, но велат тоа не им го решава проблемот.  

“Овој инсулин “Ново микс 30”, тој го користат 80 отсто од дијабетичарите. Се јавив во две –три аптеки од таму ми велат, секој ден “очекуваме денеска”.Тоа го кажуваат седум дена веќе.Јас сум при крај со инсулинот па и позајмувам имаме ние солидарност помеѓу на дијабетичарите ама ни они немаат.Мене ми се троши брзо, јас три пати го користам.” – вели за Алфа, Лазар Станковски, дијабтичар.

Од Министерство за здравство се запознаени со проблемот, велат од утре инсулинот ќе биде достапен.

Инсулинот Новомикс ќе биде достапен од утре во аптеките кадешто граѓаните го набавуваа и досега. Временскиот застој во испораката на порачката е поради зголемена побарувачка на досегашната предвидена залиха за потрошувачите, на месечно ниво.” – велат од МЗ.

Инаку, дијабетичарите уште пред еден месец алармираа дека снемува инсулин. Здравствените власти тогаш уверуваа дека проблемот e надминат.

Лазар Станковски кој долги години се бори  со дејабетот алармира дека освен проблемот со инсулинот, тој никако не може да дојде ни до вакцината за грип.

Ја прашав доктроката има ли вакцини за грип. Ми вели касно е…а јас чекам два месеци затоа. Докторката ми вели нема, немало термини.прашав а кај се 40.000 термини и ми одговори да прашам во Министерство за здравство.вели Станковски.

Во Македонија има 125.000 дијабетичари  од кои 45.000 се на инсулин. Од нив 500 се деца до 18 години.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста