Институтот за филм во Охрид не функционира

Изминаа цели 5 месеци откако министерството за образование и наука се заложи да го реши проблемот со функционирањето на Институтот за филм во Охрид, за што наводно формираа и работна група со обврска да ја скенира состојбата на оваа високо образовна установа, но ништо од тоа.

Нити министерството предложи соодветно решение,нити Владата донесе одлука поврзана со студентите, чие студирање е прекинато не по нивна вина.

Иако првичниот предлог беше студентите од оваа установа да се префрлат на Факултетот за драмски уметности во Скопје, за да ги завршат отпочнатите студии,тоа не се случи.

„Државен просветен инспекторат: Неактивноста, неработата е на министерот за образование морам тоа да го кажам, Владата на Република Македонија што ова го знае. Значи ова е повеќе од 2 години што ние сме ги информирале и ништо не е превземено“-Ѓорѓи Илиески, Државен просветен инспекторат.

И покрај големиот интерес за студирање на оваа јавна научна установа и оваа академска година не беше објавен конкурс за упис на студенти, а нити еден од запишаните студенти не успеа да се здобие со диплома.

Најмладата филмска академија во земјава основана во 2015 година функционира само формално правно, но не и образовно.

Професори нема,вратите на предавалните се заклучени, а никој не знае нити каде е врвната опрема со која таа располагаше.

„Токму јас бев еден од тие инспектори кои што ги направи тие проверки и даден е цел извештај како на Владата, така на одоборот за акредитација и евалуација, но за жал ништо не се превзема.Што наведовте во тие извештаи ? Па наведов дека не функционираат телата,нема наставнички Совет, нема директор,немаат проректори,значи не функционира ништо, тоа што е најелементарно и потрено,нема и наставен кадар, додаде Илиевски.

Дали ова значи дека се укинува Академијата за филм во Охрид,а со тоа филмската уметност ќе стане само пуста желба за стотината студенти од 15 земји кои се подготвуваа за големи предизвици, запишувајќи се на Институтот.

Странските студенти разочарани заминаа дома,бидејќи поради прекин на студиите на академијата,тие не можеа повеќе да го регулираат својот простој во Македонија.

За да ги остварат своите права,сите студенти кои имаат важечки договори и натаму размислуваат да покренат тужби против министерството за обрзование.

Росица Голабоска