Институт за демократија „Социетас Цивилис“: Владата не го исполни тоа што го вети за вработувањата во државниот сектор

„Пушти го, наше дете е“, „Поздрави го од мене, кажи му дека си мое дете, ќе те положи“, „Средено е, ќе ја добие работата, добро е што има членска“, колку пати сте ги слушнале овие фрази во секојдневието е едно од клучните прашања кое ги посочува институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во нивната анализа за како се назначуваат директорски места во јавните претпријатија, но и вработувањата во државниот сектор. Во анализата се посочува дека дека Владата не го исполнила тоа што го ветила, особено трансперентни процеси и квалитет пред партиска книшка.

Проблемот во процесот на вработувањето во јавната администрација е тоа што тој не вклучува повеќе кандидати од кои треба да се избере најдобриот, туку најчесто однапред се знае кој треба да ја добие позицијата. Работните позиции, особено оние на повисоките раководни функции, се делат преку ноќ, зад затворени врати-велат Институт за демократија „Социетас Цивилис“.

Институтот, анализирал 116 именувања направени по парламентарните избори во 2020 година. Истражувањето покажало дека постои значително отстапување помеѓу она што го вети Владата и она што го реализираше.

Како пример се наведува праксата на именување на директори кои се В.Д., оти со тоа се избегнува процедурата на именување, односно транспарентноста пред јавноста за конкурсите.

Праксата на именување на директори кои се вршители на должност e доминантен начин на именување, наместо исклучок.  Во дури половина од случаите, именувани се в.д директори, а тоа најчесто се прави за да се избегнат процедурите на именување. Анализата покажува дека 55% од кандидатите имаат минимум искуство во раководење што ќе овозможи независно и ефикасно да ја исполнат задачата. Ова е најзначаен недостиг во системот на именување и најслабата точка во обезбедување ефикасни институции- велат Институт за демократија „Социетас Цивилис“.

Во анализата се нагласува дека 45% од раководителите во државниот сектор или воопшто немаат или немаат задоволително раководно искуство. Ова според институтот покажува дека системот на именување е порозен на влијанија кои го потценуваат процесот на именување по заслуги и не фаворизираат професионализација на раководната служба.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста