Институционална негрижа – голем дел од плажите во Охрид остануваат неуреднени и оваа летна сезона

Институционална негрижа – голем дел од плажите во Охрид остануваат неуреднени и оваа летна сезона

Непосредно пред официјалниот почеток за летото, плажите во Охрид се небезбедни за капање, бидејќи се уште не се ангажирани спасителни служби, нити пак се обележани капалиштата. 

“Немаме уредени капалишта каде што можат да се обезбедат сите безбедни услови за капење, спорт и рекреација, зборуваме од обележување на капалиштето до набљудувачници места,пунктови за укажување прва помош тоа се оние услови кои ги предвидел законодавецот”-вели Сашо Точков, Црвен крст,Охрид.

14 спасени давеници и преку 840 интервенции на укажување на прва помош,ова е билансот на инциденти со кои се соочиле спасителите на вода лани лето.Но откако пред 4 години тогаш актуелната локална власт ги срамни со земја плажите и ги остави без концесионери,сигурноста на капачите виси во воздух. Спасувачи ќе има само на 30% од плажите,посебно се ризични најатрактивните плажи на риверата. Градоначалникот Пецаков вели дека цели три години чека од надлежните министерства да го изготват Планот за управување на крајбрежјето за да можат плажите да се издаваат под коцесија.

 “Плажите, оние кои што ги издадовме како општина се уредени, има место каде да се седне доколку сака некој да се напие нешто да искористи тоалет.Но  за дополнителни вложувања и за добивање на нешто кое што може да наликува на нешто модерно и да имаат можност да инвестират, сепак е потребно донесување на планот за уравување со Охридското крајбежје”-вели Кирил Пецаков,градоначалник на Охрид.

Згор на се’ на охридското крајбрежје има преку 34 капалишта а сликата на дел од од нив е загрижувачка во поглед на хигиената.

 “Дел од капалиштата на југоисточното крајбрежје ситуацијата е жалосна во однос на неуредени капалишта во однос на смет и во однос на претежно млади луѓе кои што навистина недолично се однесуваат на самите капалишта”-вели Точков.

“И покрај поставени садови за комунален отпад, поставени канти, се соочуваме со онаа грда слика расфрлен отпад секаде но не на соодветното место.Тука би апелирал комуналните инспектори поригорозни да бидат во спроведувањето на законот за јавна чистота” –вели Стевчо Маслов од Ј.П.” Kомуналец”.

На сите плажи дополнително ќе бидат поставени 240 литарски садови за отпад, а вработените ќе бидат на терен од 5 часот наутро се до 23 часот.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста