Инспекторите „спијат“, баровите кои ги прекршија сите протоколи и натаму работат

Скопскиот кафе бар „Мош“ кое ги прекрши сите протоколи и кое денеска, според најавите, требаше да добие клуч на врата, и натаму непречено работи. Власта и инспекторите пак се правдаат дека решението за тој предмет било изготвено, и локалот ќе добиел пломба откако ќе ја отстранат храната. Зошто веднаш не постапиле, од Владата не кажаа.

Директорот на ДПИ Стојко Пауновски на заедничката прес-конференција информираше дека за контролата на угостителскиот објект од минатиот викенд решението е доставено и предметот ќе биде затворен. Локалот, рече тој, има 48 часа да ги извади сите материјали и стоки кои се расипливи за да не дојде до поголема штета на субјектот.

  • Токму затоа се измените во законските решенија за ДПИ и полицијата, не само да направат записник туку истиот правен субјект да може да биде испразнет да не се пренесува зараза и да добие решение за затворањер и парична казна. Со пондесувањето на кривичните пријави видовме дека има доста пропусти направено, истакна Пауновски.

И додека барови кои на големо ги прекршуваат протоколите за работа и натаму работ, од Владата се пофалија дека инспекторите добиваат поголеми ингеренции за заштита од пандемијата. Конкретен одговор и натаму нема дали само еден инспектор кој бил во изолација може да казнува, или затвори локал.

Претседателката на Инспекцискиот совет Филиповска – Грашкоска информира дека откако вчера Владата ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, предлог измените ќе бидат доставени до Собранието. Додаде дека очекуваат во најскоро време тие да бидат изгласани и да стапат на сила. И веднаш по нивното донесување, инспекторите ќе имаат можност да изрекуваат забрана за работа и парични казни, односно глоби за сите субјекти кои не ги почитуваат протоколите за заштита од коронавирус.

  • Согласно важечкиот закон за заштита на населението од заразни болести за непочитување на протоколите досега само ДСЗИ имаше овластувања да изрекува мерки, а останатите инспекциски служби можеа да поднесат кривична пријава за евентуално непочитување на протоколите согласно Кривичниот законик, рече Грашкоска.

Откако Власта и инспекторите  го преспаа цело лето, министерот за економија пак се правда дека имало доволно инспектори. Прашан зошто се казнува селективно, и зошто поради неколку локали мора сите да трпат рестрикции, вели дека инспекторите не постапуваат селективно и според постоечките закони не можат да ги затворат угостителските објекти.

Само деновиве, на големо се организираа ноќните забави низ земјава на кои видливо се кршат протоколите за заштита од пандемијата. Конкретен одговор за тоа кој ќе понесе одговорност што ковид-хаосот нема контрола, барем за сега нема.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста