Инспекторите се жалат на мали плати и недостаток на кадар

Македонија нема доволно инспектори, но и тие што ги има, едвај успеваат да постигнат насекаде. Во време на пандемија кога имаат зголемен обем на работа се жалат на мали плати.  

  • Често се случува еден човек да заврши сто работи. Отворен конкурс за нови, никој не се јавува. Еден градежен инжинер сто пати поголема плата ќе земе во некоја градежна фирма отколку во општините – вели Душица Перишич од ЗЕЛС.

Дополнително, инспекторите се жалат дека се соочуваат со напади, се чувствуваат небезбедно и незаштитено . Празни места за инспекторски позиции има во речиси сите општини  ама нема кадар па затоа еден инспектор врши надзор во повеќе области. Се зажалат дека работат за мали плати и неможат да постигнат.

  • Една од најслабите алки на локалната самоуправа е, се инспекциските служби, инспекцискиот надзор. Тоа го покажа нашето истражување кое го спроведовме на над 80 проценти од општините – вели Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

Истражувањето на НВО инфоцентарот покажало дека во овој сектор корупцијата цвета, а дека ситуацијата е лоша признава и скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Пробелемот го гледа во нефукциналноста на системот .

  • Мора да се соочиме со тоа дека ние имаме нефункционален систем. Заради тоа состојбата ни е ваква. Да е функционале немаше да е ваква.Тука никако неможам да се согласам. Јас би ги укинал централните инспекции. Тотално би ги укинал, да не постои Државен инспекторат – рече Петре Шилегов.
  • За жал , јас како градежен инспектор, неможам да останам нем на фактот дека работиме по еден закон за градење што е полн со дупки да не кажам како швајцарско сирење – вели градежен инспектор.

Општините немаат доволно капацитети за да организираат ефикасна инспекциска служба во последните неколку години а особено во време на пандемија , ова е заклучокот од истражувањето , кое покажува дека најголемиот проблем има во долгите  процедури и закочената работа на администрацијата . Потреба е итна промена на моделот за работа.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста