Инспекторите на УНЕСКО на 27 овој месец доаѓаат во Охрид да направат нов увид во состојбата

На 27 јануари во Охрид во реактивната мониторинг мисија доаѓа експертската група на Унеско со цел да ја скенираат состојбата на терен и да воочат колку градот и државата спровеле од 19-те препраки на Комитет за светско и природно наследство.

Иако домашните експерти силно критикувајќи го однесувањето на институциите постојано укажуваат дека нелегалната урбанизација е една од најсериозните закани и оти се додека не се справиме со дивоградбите, ќе виси статусот на Охрид под капата на Унеско, градоначалникот Георгиески по ова прашање се однесува лежерно. Од аквијата за рушње на дивоградби нема ништо, за него најголем проблем е депонијата Буково.

– По мене тоа е најголемиот проблем, а не она што цело време се занимаваме во јавноста отстранувањето на бесправно изградените објекти затоа што рокот за тие е крај на 2021 спореде акцискит план, изјави Константин Георгиески.

Во Акциоскиот план за спроведување на препораките на УНЕСКО е и затворање на депонијата Буково, изградба на претоварна станица и чистење на дивите депонии до крај на 2020-та. На 1 месец  до крајниот рок за исполнување на препораките на Унеско, нашата земја не е ни блиску до суштинско посветување на нивно исполнување-критикуваат невладините.

-Депонијата треба да ја решаваме побрзо, затоа што е поургентно прашање независно што не е во границите на Унеско меѓутоа индиректно е голем загадувач, вели Георгиески.

За невладините, ова е задоцнета реакција на надлежните кои не само што немаат време да го спасат градот од загадувањето на Буково, туку го преспаа и временскиот рок кој го добија во Баку а истекува на 1 фебруари 2020-та. За да го зачува статусот на град на Унеско, државата мора да се справи со нелегалната градба, неконтрилираниот урбан развој, експлоатацијата на крајбрежјето, уништувањето и загадувањето на животната средина.

Доколку се дозволи охридскиот регион да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, тоа ќе претставува меѓународен скандал и светски блам-велат од еколошките здруженија.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста