Иницијативата на „Учебници и настава мора да има“ отфрлена од собраниските комисии, родителите не се откажуваат од Референдум

Парламентот не го прифати предлогот за Референдум на родителите кои се против дигитализација на учебниците, борбата помеѓу граѓаните и институциите кои немаат слух за нивните барања продолжува. Собраниската Комисија за политчки систем пресече – иницијативата била неуредна. Од граѓанското здружение гневни –  велат очекувале дека илјадниците граѓани на протестите да бидат некаков фактор за Комисијата да одлучи поинаку, оти истите тие граѓани ги гласале овие лица да работат во нивна корист и нивен интерес.

Ако имаа само малку добра волја, и ако ги видоа илјадниците граѓани на протестите низ цела држава во саботата, очекувавме дека ќе одлучат поинаку. Потписите се собираа во неработен ден, на протестите, кога органите не работат. Го поднесовме предлогот за да не ги изневериме граѓаните и да реагираме брзо против овој предлог закон. Ова нема да не спречи, да ја истераме постапката до крај, и по наложениот административно технички протокол ние јавно ќе ги објавиме местата за собирање потписи и ќе ги повикаме граѓаните да ја дадат поддршката – вели Драгана Спасевска.

Според Комисијата за политички систем пак, иницијативата била неуредна дека потписите не биле собрани во подрачните единици на Министерството за правда.

Потписите не се собрани пред овластена институција – подрачните единици на Министерството за правда, каде што во работно време треба да се потпишат и треба печат од институцијата. Тоа е процедурата – на таков начин треба да се соберат 100 потписи. Кога ќе биде уредна иницијативата, треба да ја поднесат во Собрание и во рок од два дена Комисијата за политички систем и Законодавно-правната комисија треба да донесат одлука за уредноста – изјави пратеничката Соња Мираковска,  претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците – изјави Соња Мираковска – претседател на Комисија за политички систем и односи меѓу заеднички.

Законски граѓаните  имаат можност повторно да достават предлог до Парламентот. Потоа, иницијативата треба да се потврди со 10000 потписи по што надлежните органи треба да распишат референдум на државно ниво. Од иницијативата „Настава и учебници мора да има“ денеска ќе се обратат и до делегацијата на Европската унија и Обединетите нации дека граѓаните не прифаќаат европско знаменце на, како што велат, ваквиот контроверзен и непромислен закон.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста