Иницијатива за референдум во Кочани против изградба на мини хидроцентрала

Кочанското здружение „Грин орг„ поднесе барање до Советот на општината за распишување на референдум, за граѓаните се изјаснат дали се за или против изградба на мини хидроцентрала на Мала река кај брана Гратче. Иницијативата ќе помине на седница, но предлагачот треба да достави 7000потписи,што е 20% од граѓаните на Кочани, информираат од општината..

   „Доколку со законот е предвидено таква иницијатива да биде прифатена , ние секако како Локална самоуправа ќе ја прифатиме и поддржиме. Но доколку немаме таква надлежност, ќе одговориме согласно законите„- изјави Николчо Илијев,градоначалник на Кочани.

Распишување на референдум еко актиистите бараат со образложение дека не е организирана јавна расправа, со што  на граѓаните им е скратено правото да го искажат својот став. Од „Грин орг“ објаснуваат дека ќе го следат примерот на активистите кои се против изградбата на рудници во јужниот дел на државата

   „Доколку го избереме вториот начин за распишување на референдум преку здружението, доколку тие не го изгласаат ова барање за распишување на референдум, тогаш ние ќе бидеме должни да собереме 100потписи од граѓаните, па потоа 10% од гласачкото тело на граѓаните од Кочани„-изјави Ана Симонова, ЗГ „Грин орг„ -Кочани

Освен за во КОчани, инвеститорот ДИС Енергија има добиено концесија за изградба мини хидроцентрала и во Пробиштип. Од Грин орг објаснуваат дека на сметките на двете општини на име концесисиски надоместок се легнати по околу 20.000евра, средства кои инвестиорот треба да ги уплати за да ја започне постапката за добивање на градежна дозвола. Во петокот премиерот најави дека ќе се испитуваат сите концесии, посебно оние кои се во заштитни подрачја и не се почитувани стандардите. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста