Инфраструктура опасна по животот – Ќе реагира ли некој за алармите?
Потпорниот ѕид на Клиника падна, а мостот во Визбегово виси на конец. Не се знае која институција е одговорна за реновинарање на мостот.
На овој мост зад мене во Визбегово секојдневно поминуваат 10-тици автомобили. Железната конструкција на мостот во Визбегово е одамна оголена. По него со страв се гази, а камо ли да се вози.
Мостот кој поминува над автопатот Скопје – Блаце како дел од проектот треба да биде срушен. Но, дотогаш останува опосноста коцките од бетон или делови од него да паднат врз автомобилите кои влегуваат или излегуваат од главниот град преку Визбегово.
Мостот во скопската населба се потешко го издржува притисокот и тежината од камионите кои секојдневно поминуваат врз него. Граѓаните свесни се дека состојбата не му најдобра и апелираат да се реконструира.
Центарот за управување со кризи, подолго време алармира дека овој мост е небезбеден а секојдневно се користи од граѓаните. Директорот Стојанче Ангелов вели дека доколку не се преземе нешто во најскоро време, може да дојде до поголема несреќа.
- „Наша работа не е да утврдуваме конкретна надлежност, бидејќи понекогаш надлежностите се испреплетени како што е во овој случај, затоа што информациите кои што ги добивме овој мост треба да биде срушен како дел од автопатот “- вели Стојанче Ангелов – Директор на ЦУК.
Центарот за управување со кризи ги седнале на маса локални власти – Општина Бутел и Градот Скопје. Им укажале што треба да се преземе за да не се доведува во прашање безбедноста на граѓаните.
- „Го замоливме претставникот на Општина Бутел да испратат едно возило и неколку вработени и да ги соберат извадените коцки. Тие тоа го направија истиот ден. Нека седнат Градот Скопје, нека седнат сите надлежни, нека утврдат кој е точно надлежен. На секое мое доаѓање собирам по 10-тина коцки бетонски и ги фрлам на страна. Но поради вибрациите постојано излегуваат нови и се враќаат. Еве, погледнете што би се случило кога оваа коцка би паднала врз возило“- вели Стојанче Ангелов – Директор на ЦУК.
До сега на мостот единствено има поставено нова ограда, но сепак тоа не е доволно. Градот до овој момент не одговори дали и што ќе преземат додека не се урне мостот.
Но оваа не е единствената локација која ја загрозува безбедноста на граѓаните. ЦУК апелира да се пријавува на 112.