Информатичките компании незадоволни од државните даночни реформи

ИТ секторот има сериозен проблем да ги задржи програмерите во Македонија. Причина прогресивниот данок, кој силно удри врз овој сектор. Како што објави државната статистика, пад од -0,7% бележи секторот информации и комуникации.
Од бизнис комората на ИТ секторот – МАСИТ велат дека не се задоволни од актуелните даночни реформи, но и од неколку клучни економски регулативи. Велат дека оваа даночна реформа само ќе ги избрка информатичарите во странство, каде ќе заработуваат и до 4.000 евра месечно.

Ако нема промена во даночната регулатива, ИТ фирмите не одат во насока на раст и развој, туку ја зголемуваат несигурноста и ги демотивираат инвеститорите.

– Тоа значи дека ИТ секторот е еден од можеби најзагрозените. Просечната плата во ИТ секторот е 56.000 денари, а просечната плата во Македонија е 24.000, што значи дека е поголема за 240 пати. Мора да направиме политика во која ќе бидат опфатени и другите даноци, а не само прогресивниот данок. Имаме проблем и со даноците што ги плаќаме за сертификати кои ни се потреби за младите инженери за кои плаќаме персонален данок, а исто така и за стипендистите, рече Анета Пешова, претседател на Управниот одбор на МАСИТ.

И додека информатичарите размислуваат да си одат од земјава, министерот за финансии е задоволен од ефектите на зголемениот данок. Вели приходите од персоналецот за 5 месеци забележале раст од 17,4%. Сите тврдења дека ќе се намали вработеноста, ќе се зголеми даночната евазија, ќе се намалат платите, според него, се покажале како неточни.

– Сите економски показатели за годинава покажуваат дека праведното оданочување е успешна реформа. Сигурни сме дека тоа што сме го проектирале ќе го оствариме како буџетски приходи. Уште поважно е дека тоа што е проектираното веќе започна да се исплаќа како многу повисок социјалн трансфер за најсиромашните и ние сме прва држава на Балканот што спроведува минимален адекватен приход. Даночната реформа комбинирана со реформата на социјалниот систем оставрува значајно намалување на нееднаквоста и е значајна алатка за борба против сиромаштијата, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Од финансии немаат бројки колку од нововработените во првиот квртал имаат високи примања кои би се даночеле со повисока стапка. Инаку, од оваа година на сила стапи персоналецот кој за лицата со примања над 90.000 денари месечно изнесува 18%.

Борис Грујоски