Информатичари за Алфа:Дигитализацијата на учебниците ќе отвори многу проблеми; Законот во собрание ќе се носи по скратена постапка-родители собираат потписи против е-учебници

Министерството за образование и наука со денови без слух. На учениците и граѓаните им се зголемува револтот, а мининистерката Царовска не се откажува од дигитални учебници во образовниот систем. Професорката по информатика Драгана Ѓорѓевиќ од средното училиште „Ѓорѓи Димитров“ за Алфа вели дека воведувањето на дигиталните учебници освен со технологијата ќе отворат и финансиски проблем за граѓаните.

Прво затоа што сите ученици немаат технички можности, а печатење во боја ќе ги чини повеќе отколку да купат учебник (а ќе го нема во продажба). Имаме дискриминација по тој повод, ако, со некое чудо што не се случи оваа година, учениците да добијат таблети или компјутери…-рече Драгана Ѓорѓевиќ-професор по информатика.

Дигитализацијата во образованието со себе носи и други проблеми и за сите засегнати страни.

Нека ги прашаат лекарите колку е штетно, првенствено за очи, толку долго да се чита од екран. Има тука и положба на телото и на вратот, па несвестици и ред други проблеми. А дигитален учебник не тоа што тие (претпоставувам) го замислиле. ПДФ документ не е дигитален учебник. Ако го направат да има итеракција, тогаш треба таков учебник, но пропратен со класичен-вели за Алфа Драгана Ѓорѓевиќ-професор по информатика.

Во меѓувреме, група граѓани здружени на социјалните мрежи -„Учебници и настава мора да има“ пред МОН побараа да се стопира постапката за донесување на законот за учебници и да се организира јавна расправа. Според нив, предлог-законот не ги решава проблемите што постојат во образованието и генерира нови. На социјалните мрежи спровеле анкета на кои родителите ги кажале бројните барања за образованието. 

– Печатените учебници да останат во употреба во наставата, да нема спојување на два предмета во еден, да се исклучи сеопфатното родово сензитивно образование, што побргу да се донесат протоколи за враќање на децата во училишните клупи и нам, родителите, да ни се овозможи да имаме право да предлагаме изучување на темите во образовнието, рече Спасевска.

За да ја сфатат сериозноста на нивните намери, утре ќе организираат бојкот на наставата – и онлајн и со физичко присуство, во основно и во средно, а доколку не биде прифатено нивното барање, ќе следуваат протести и барање оставка од министерката Мила Царовска, како и иницијатива за непосредно изјаснување на граѓаните.

Од Сојузот на средношколци не повикаа на бојкот велат дека дигитализација ќе има само во четврто одделение а многу години ќе поминеле додека МОН  го реализира целиот процес. Од министерството пак  апелираат  да се продолжи со наставата и дека законот за учебници гарантира еднаков пристап за секој ученик.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста