Инфлацијата го „јаде“ животниот стандард, за речиси 50 евра животот е поскап од лани

За речиси 50 евра стана поскап животот од лани. Ако февруари минатата година  за четиричлено семејство биле потребни 33.702денари, сега за задоволување на основните месечни потреби се потребни 36.146 денари. Високите сметки за струја, нафтените деривати и изгор скапата храна ја проголта скромната работничка плата. Граѓаните се на работ на егзистенција. Велат платите одвај стасуваат за основните животни трошоци. Излегување, купување гаредроба или пак годишен одмор за нив е веќе луксуз..

Минатата година беше лоша. Економските перформанси не беа доволни за амортизирање на негативните ефекти од рецесијата во 2020. Трендот на поскапување не запира. Кризата е сериозна и налага посериозен пристап, смета универзитетскиот професор Дарко Лазаров.  

 „Инфлацијата е сериозно висока. Мислам дека во месец февруари 2022 индексот на трошоци за живот е зголемен повеќе од 7%. Сите граѓани практичо тоа го гледаат низ маркетите  со драстичното зголемување на цените на основните продукти. Така да во таа насока мислам дека Владата треба да посвети поголеми внимание за заштита на куповната моќ на граѓаните особено на ранливите категории „-изјави проф.Дарко Лазаров, универзитетски професор.

Дополнителен удар по економијата и страв кај граѓаните предизвикува и кризата  во Украина. Лани нашата држава беше со најнизок економски раст во регионот. Пред Македонија со раст од само 4%, предничат Хрватска со 10,4%, како и Србија, Бугарија, Албанија и Косово кои лани  имаа економски раст од 7-8%. 

Александар Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста