Инфлација во јули од 3%
Инфлацијата во јули изнесува 3% споредено со истиот месец лани. Цените на мало,пак, се зголемиле за 3.9 %. Храната поскапела за 0,9%, алкохолните пијалоци за 5,6%, облеката и обувките се подавале за 2,3% поскапо, додека трошоците за здравствена заштита биле за 5,8% повисоки. Транспортот бил поскап за 4,8%, а најмногу поскапеле услугите и сместувањето во рестораните и хотелите за 13,8%.
Индекси на трошоци на живот, јули 2024/јули 2023
Храна +0.9%
АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ +5,6%
ОБЛЕКА И ОБУВКИ +2,3%
ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА +5,8%
ТРАНСПОРТ +4,8%
РЕСТОРАНИ И ХОТЕЛИ +13,8%
За само еден месец, во јули трошоците на живот се зголемиле за минимални 0,7%. Зголемувањето на инфлацијата во јули во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на живот, и тоа, кај рестораните и хотелите за 5.8 %, транспортот за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.
„Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: облека и обувки за 0.5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %, комуникации за 0.1 %. Трошоците на животот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец“
Кога го кроеше ребалансот на буџетот за годинава, министерката за финансии објасни дека новата прекроена државна каса се заснова на проекции за инфлација од 3,5% годинава.