Инфективното одделение во Охрид нема капацитет за пациентите со коронавирус

Во само два дена, на охридското инфективното одделение се хоспитализирани 6 пациенти со сомнителни симптоми на корона вирус. Додека се чекаат резултатите,во меѓувреме општата болница се реорганизира. Испразнети се две одделенија, геријатриското и кожното во кои ќе лежат заразени пациенти со полесна клиничка слика. Пациентите од геријатрија се префлени во Специјалната болница за ортопедија Св.Еразмо, а лекарите од кожно прегледи ќе вршат на очно. Инфективното одделение нема капацитет да ги прими сите пациенти заболени од коранавирус, затоа беше неоходно да се направи реорганизација. На овој начин болницата може да прими 20-тина пациенти-вели директорот д-р Горан Балев.

„Болницата ако видите има голем капацитет, меѓутоа не е во една зграда туку е целата распространета,така да мораше да се направат нови патеки на движење, патеки на движење на интерно одделение ,на хуруршки одделенија за да може да функционира болницата со нормални капацитети. Меѓутоа ова е ситуација која се менува од ден во ден, од час во час, никој не може да го предвиди исходот“ – вели Д-р Горан Балев – директор на Општа болница – Охрид.

Со ова, пропадна оперативниот план на општинскиот кризен штаб кој предвидуваше сместувачките капацитети на двата ученички дома во строгиот центар на градот да бидат во целост наменети за лица заболени со опасниот вирус,како и Одделот за интензивна нега во охридската општа болница.

Сега вратите на оваа здравствена установа се затворени, за да не лутаат пациентите низ одделите, се формира тријажен центар во кој двајца специјализанти ги упатуваат сите пациенти.

„Апелирам до општите лекари и до другите болници да не го оптоваруваат овој здравствен систем со пациенти кои што не бараат специјалистичка помош. Овој здравствен систем е гломазен и може да одговори, меѓутоа бара и од здравствените работници и од сите останати медицински сестри,од матичните лекари да направат сопствена тријажа и да пазат што пуштаат према општа болница Охрид“ – вели директорот.

Во струшката болница ќе се прегледуваат пациентите од ризичните региони,тие ќе се праќаат во охридската болница доколку е потребно мислење од инфектолог, кој ќе одлучи каде понатаму ќе се лекуваат во охридската или во болницата во Битола.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста