Инфантино ќе остане на чело на ФИФА до завршувањето на истрагата

Актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино ќе остане на чело на највлијателната фудбалска организација се додека не заврши истрагата против него, потврди обвинителството во Цирих. Постојат серија докази дека Инфантино се обидувал да влијале на истрагата околу неговото нанзаначување за прв човек на ФИФА кај веќе сменетиот обвинител Мишел Лубер, кој е негов личен пријател. Инаку за ФИФА се води широка истрага за криминал и корупција уште од времето на Блатер, а овој после отворената истрага побара Инфантино експресно да биде сменет.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста