Инцидентот со црквата во Врапчиште пробен балон за темните сценарија за можна есенска дестабилизација

Инцидентот со црквата во Врапчиште пробен балон за темните сценарија за можна есенска дестабилизација

Инцидентот со црквата во Врапчиште, како ладна проба за индициите дека од оваа есен можни се обиди на одредени групи да се предизвика дестабилизација на државата по етничка линија. Сите инволвирани во инцидентот, од граѓаните кои се приведени, преку градоначалникот на општината, па се до шефовите на локалната полиција политички се поврзуваат со опозицијата. За премиерот Мицкоски  овој инцидент е дел од фолкорот што тој и го најави, за призвикување на етничка нетрпеливост. Според него, вакви провокации може да се оечкуваат и во иднина ако се жземе в предвид декла се потикнати од криминалните стуктури од минатото и затоа апелира граѓаните да не наседнуваат.

  • „Ова се изолирани инциденти, и ќе има уште вакви. Вие ја слушнавте изјавата на Владиката, кој се оградува од ваквите од инциденти, жителите на село Галате исто така се оградуваат, а она што е интересно на социјалните мрежи излегоа слики на некои лица кои се во друштво на политички активни ликови. Ако се земе предвид поддршката политичка во Врапчиште, но и полициската структура во СВР Гостивар, тоа е дел од оној фолклор да се сее етничка нетрпеливост, ваков тип на инциденти ќе има, затоа што не можеме ние како влада, имајќи ги во предвид последните промени во Законот за полиција, не може да се случат промените во раководните структури. Ќе мора за следните 2-3 месеци да се случи измена на тој Закон, и да има измена во тие раководни структури, за да можеме реално да ја имаме ситуацијата под контрола. Немајте дилема дека криминалните стурктури во минатото, ќе прават вакви инциденти во блиска иднина. Самите жители на Галате го отфрлија ова, самиот Владика го отфрли сево ова, апелирам сега кога државата оди во нагорна линија, граѓаните да не наседнуваат на вакви провокации“, рече Мицкоски.

Предупредување стигна и од Министерството за внатрешни работи кое најавува дека најстрого ќе ги санкционира објавите за тензија по последните настани во општина Врапчиште.

  • МВР апелира за воздржување од било какви тензии по однос на овој настан. Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон, се наведува во вчерашното соопштение на македонската полиција“.

Инаку меѓуетничките тензиите во врска со овој случај најмноги ги подгреаа сегашни и поранешни фукционери од СДСМ. Инаку околу 15 часот од страна на лицето Душко Павлевски, заедно со уште неколку граѓани решиле да ја отстранат арматурата и траката а истата ја залепиле околу општината кога стигнале таму да протестираат. За истото лице по социјалните мрежи може да се видат фотографии со високи функционери на СДСМ како нивен симпатизер и поддржувач. Вчера доцна попладнето 10-тина луѓе добиле прием кај градоначалникот Исен Шабани, од Алијанса на Зијадин Села, кој побарал да не се снима со телефони. Но бидејќи присустните меѓу кои и активистот на опозицијата не прифатиле средба без телефони, Шабани побарал од полицијата да ги отстрани од зградата на општината. Така и завршија на разговор во полициска станица по што беа ослободени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста