Инцидент во Штип со хуманитарецот и поранешен пожарникар кој бара подобри услови и вработување

Инцидент на одбележувањето на стогодишнината од постоењето на штипската противпожарна служба. Штипскиот хуманитарец и бивш пожарникар Александар Ѓеоргиевски направи упад во пресот на градоначаликот.
Негова цел како што вели е да постави три суштински прашања . Едното е поврзано со условите во кои работат неговите бивши колеги, а другите две се зошто му ги игнорираат барањата да работи во службата и неговата платата да биде пренаменета во хуманитарни цели и дали конечно ќе се обезбеди вработувања и за оние кои се критички настроени кон власта..
Откако страстите се смирија градоначалникот му одговори дека службите веќе ги разгледуваат неговите барања, а истовремено се подобруваат и условите за работа во штипската Противпожарна служба.
Николов најави ново противпожарно возило, а хуманитарната работа на Ѓеоргиевски ќе биде вклопена во рамките на Солидарниот фонд.
Александра Ристевска