Импортерите во грч, граѓаните во неизвесност – што ќе донесе новиот Закон за моторни возила?!

Импортерите во грч, граѓаните во неизвесност. Што ќе донесе новиот Правилник кој треба да одреди колкав данок ќе се плаќа за автомобилиоте. Законот помина во Парламент, но правилникот се уште не се обелоденува.

Неофицијално, во петок, првиот цариник ги повикал импортерите на автомобили за да им го презентира законското решение. Од она што се најавува, при увоз на нови но и на стари автомобили, ќе се плаќа данок според загадувањето, односно емисијата на СО2.

Какви ќе бидат ефектите е клучната дилема кај познавачите.

Алфа разговараше и со повеќе сопственици на салони за увоз на ниови автомобили. Јавно не сакаат да коментираат ништо, додека не го видат правилникот. Дел од нив сепак предупредуваат дека некои решенија за кои добиле информација би биле многу неповолни.

Конкретно, во делот на хибридните возила, кои наспроти електричните, ќе биле подложни на оданочување. Некои повеќе, некои помалку.

Од царината веќе соопштија дека електричните возила ќе бидат ослободени од данок, како и новите возила за прва помош и погребални услуги. Хибридните возила ќе бидат ослободени но до 50% од данокот, такси возилата 25%, додека мини-комбињата со 8 и 9 седишта ќе имаат 80% помал данок.

Власта сака за неколку години да се промени структура на возилата кои сообраќаат на патишта, а кои според податоцирте учествуваат со анд 20% во загадувањето.

Инаку, годинава заклучно со ноември увезени се над 33.000 стари коли. Само лани, таа бројка изнесувала 37.000 возила. Од нив 88% биле употребувани со просечна старост од над 10 години, при што од оваа категорија 90% биле дизел возила.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста