ИМОБИЛЕ го изедначи рекордот на ИГУАИН, ИБРАХИМОВИЌ е најстариот фудбалер со 10+ гола во една сезона

Најдобриот стрелец во Европа, Чиро Имобиле ја заврши златната сезона за него со 36 постигнати гола за Лацио во италијанската Серија А лига. Со оваа бројка го израмни рекордот на Гонзало Игуаин, кој во дресот на Наполи имаше ваков ефект и сега двајцата важат за најдобрите стрелци во историјата за време на една сезона во Калчолигата. Рекорд зад себе во Серија А остави и легендата Златан Ибрахимовиќ откако по последниот меч против Каљари го постигна 10 гол сезонава и влезе во историјата како најстар фудбалер со 38 години и 302 дена со двоцифрен број на голови во една прволигашка кампања во Италија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста