Има ли власта нови идеи за заштита од Ковид 19?

Носете маски, држете дистанца, освен обвинувањата дека народот е крив за ширење на заразата, ова е речиси се што може да се слушне на прес конференциите на Филипче и неговиот тим.

Дали останаа без идеи за како да се справиме со Корона вирусот или пак станува збор за нов концепт на градење на колективен имунитет, но сепак задоцнет?

Речиси 70 дена Македонија беше во карантин, па иако бројката нагло се зголеми, власите одлучија да нема полициски час, кафулињата и рестораните да се отворат полициски час да нема…

Дел од докторите велат дека Македонија уште не знае по кој пат тера, дали по шведски модел, односно отоврен систем на градење имунитет или пак преку карантини и изолација.

Долг период нашите граѓани,нашето население, па и политичките партии беа дисциплинирани и ги слушаа препораките на комисијата за заразни болести, меѓутоа и од таму мора да признаат дека правеа грешки или лоши проценки. Се менуваа моделите. Се одеше до 21 часот полициски час, па до 16 часот …..Полека се изгуби довербата кај граѓаните…, вели Вело Марковски – инфектолог.

Епидемиологот Драган Даниловски вели дека наглото олабавување на мерките придонело за зголемување на бројот на новозаболени.

“Не требаше толку нагло да се релаксираат мерките.Угостителските објекти  не смееа толку нагло да се распуштат. Со тоа кај граѓаните се даде сигнал дека кризата е завршена. Затоа, требаше да се подготви јавното мнение денови претходно дека ќе има олабавување, но дека не e се завршено.” – вели Даниловски.

Доктор Пановски пак вели дека власта направила неколку крупни грешки при справување со заразата и дека политиката ја надминала науката.

И додека властите го бараат патот за справување со Ковид 19, 4 месеци откако започна целата криза, вчера на владина седница не помина предлогот на комисијата за заразни болести за полициски час во жариштата на вирусот низ Македонија.

Но она што го донесоа како одлука беше зголемени теренски контроли за носење на маски како и инсталирање на апликацијата СТОП КОРОНА.

Владата заклучи Државниот здравствен и санитарен инспекторат во секое решение за изолација што ќе биде донесено да соти дека е задолжително инсталирање на апликацијата Стоп Корона заради поголема прегледност и контрола со цел превенција на ширењето на коронавиросот.Секое прекршување на одредбите од решението за изолација ќе биде санкционирано со државен карантин, стои во соопштението до медиумите од Владата.

Што со оние кои немаат смарт телефони или немаат пари да си купат, ќе бидат ли и тие казнети? За ова одговор од Влада се уште чекаме.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста