Има ли се уште жива во фабриката Охис ?

Каде е живата од Охис, прашање за милион долари на кое одговор од надлежните нема. Според поранешни вработени над 40 тони жива низ последниве десетина години исчезнале од Охис, а моментално во кругот на фабриката се уште има околу 8 тони од едna од најотровните хемиски материи. Сепак стечајниот управник Саздовски не знаел за живата, оти тие не попишале таква материја од фабриката.

Јас жива не затекнав и не попишав, ниту на било кој начин идентификував во кругот на АД Охис, вели Маринко Саздовски кој е стечаен управник на фабриката.

Според вработените во Охис, жива во фабриката се уште има, а оние кои работеле во погоните каде што се работело со неа се со катастрофални последици.

Луѓето кои работеа таму драстично беа потешки од вообичаени луѓе, сите имаа апсорбирано жива во организмот…Флората и фауната околу погонот беше уништена. Сега ви гарантирам, но треба стручни лица да ја анализираат почвата и бидете сигурни дека постои жива, вели еден од вработените на Охис.

Според пишувањата на медиумите базирани на документи од министерството за животна средина , живата не се чува соодветно.

Во погонот за електролиза капки од жива се распространети на поголем дел од подната површина и на опремата. Големи количества може да навлезат во подземните пукнатини или во неактивните одводни цевки. Покрај тоа, значителни количества жива се пронајдени и во околната почва, како и во зградата на ќелијата. Можно е дел од отпадот што содржел жива да бил фрлан и во депонијата за мешан отпад.

Каде исчезнала живата низ годините, дали во почвата, подземните води …засега останува мистерија.

Она што е нов момент за опасните материи кои се наоѓаат во фабриката Охис е дека винил хлоридот кој буквално е темпирана бомба, за два месеца ќе биде транспортиран во Франција, односно Германија, каде и ќе биде соодветно уништен.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста