Има ли политички притисоци зад одлуката на Периќ да се откаже од кандидатурата за член на Судски совет?

Има ли политички притисоци зад одлуката на Периќ да се откаже од кандидатурата за член на Судски совет?

Здравствени причини или политички притисоци и влијание- зошто врховната судијка Цветанка Периќ се откажа од кандидатурата за член на Судскиот совет? – е клучното прашање по денешната седницата на највисокото судско тело.

Дел од членовите разочарани зошто Периќ една недела пред гласањето се откажа да им стане колешка во Судски. Други пак ѝ ја почитуваат одлуката, иако сега нема можност да и се тргне името на Цветанка Периќ од глсачкото ливче.

  • „Јас сум непријатно изненадена. Ова се случува во фаза пред изборите, кога целата постапка е завршена. Навистина за мене оа е најмалку чудно. Се работи да судија од Врховен суд. Ние како Судски совет може да констатираме само дека таа ја повлекла пријавата. Јавноста мора да го знае тоа. Освен да констатираме дека е повлечена кандидатурата не може ништо да направиме“, рече Антоанета Димовска, член на Судски совет.
  • „Можеби на 05.06 она да не извести дека повторно се кандидира“рече членот на Судскиот совет, Тања Чачорова Илиева.

Претседателката на Врховен, Беса Адеми, кажа дека колегите не знаеле дека ќе се кандидира а уште помалку дека ќе ја повлече кандидатурата. И покрај тоа што навела дека поради здравствени причини не може да стане член на Судскиот Совет, не отсуствувала од работа во Врховниот суд.

  • Да појаснам ниту јас, ниту судиите на Врховниот суд не сме запознаени со причините ниту за поднесената пријава. Од апсект на транспарентност и колегијалност да се извести седницата на судии со оглед на фактот дека изборниот процес е започнат и е дојден пред гласање. Вршењето на судиската функција, е јавна рбота која е непосредно поврзана со јавниот интерес“, порача Адеми.

Дека изестувањето од Периќ стигнало во „5 до 12“, членовите си оставија задача пред себе да проверат дали сепак навистина станува збор за здраствена состојба или евентуално политичко влијание.

  • „Како Судски совет во иднина треба да ги испитаме овие наводи, дали има сериозни здравствени пречки. Треба да се посветиме дали се можни влијанија и притисоци,“ рече Николовски кој бил и во Комисијата за спроведување на изборот на членови за Судскиот совет.

Со оглед на тоа дека кандидатската листа нема да се менува, единствен потенцијален член на Советот од Врховен останува судијата Исамедин Лимани.

Но неговата кандидатура ги подели членовите на Советот на една од претходните седници. Несогласувањата беа поради националната припадност, бидејќи  доколку Лимани добие поддршка, би се нарушила правичната застапеност во Советот.

Судскиот совет треба да пополни уште едно место од редот на судиите од битолското апелационо подрачје од каде има тројца кандидати, судиите Александар Камбовски, Александра Поп Стефанија и Татјана Сусулеска.

Судскиот Совет е без двајца членови откако лани во јуни, судијката Мирјана Радевска-Стефкова од Врховен си поднесе оставка, а Мери Радева се пензионираше годинава.

Изборот за нови членови на Судски Совет е закажан за 6 јуни.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )