Има ли логика во вакви услови да се инсистира на попис?!

Нелогично и лицемерно е преку ден да се спроведува попис а за навечер да се најавува полициски час – вели  Влатко Ѓорчев од ВМРО – ДПМНЕ.. Бара оставки од функционерите на СДСМ кои според него се виновни за катастрофата што секојдневно се случувала во Македонија.

Нелогично и лицемерно е СДСМ преку ден да најавува и спроведува попис на населението, попладне функционерите на СДСМ да одат во илјадници домови за ажурирање на членството на СДСМ како огромен, огромен ризик за јавното здравје, а навечер да се најавува полициски час. Тоа е лицемерно, тоа е ризик за јавното здравје, тоа е целосно нелогично – изјави Ѓорчев.

Жестоките реакции во јавноста околу најавениот попис продолжуваат но Власта нема намера да го одложи. Националниот блок „Не отворам врата“ денеска поднесе предлог закон за поништување на Законот за попис. Според нив е неприфатливо во време кога секојдневно броиме стотици заразени од корона вирус грѓаните да се изложуваат на дополнителен ризик.

И од ВМРО – ДПМНЕ по собраните над 100 000 потписи против попис, поднесоа предлог закон во Собранието да се одложи попишувањето за април следната година, ама владејачките партии, како и Алијанса/Алтернатива, се изјаснија дека се против ова решение.

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почна со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот. Преку апликацијата за самопопишување се евидентирале над 40 000 лица кои се во странство.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста