Има ли логика во нелогичностите?! – Бројни реакции за предлогот за повторно воведување на полициски час

Има ли логика во нелогичностите? Дома ќе ни доаѓаат попишувачи , во рестораните се седи без маски , на улица се шета со заштита, а се предлага полициски час оти е зголемена бројката на новозаразени од Ковид 19.

Бројни реакции по предлогот за нови рестрикции. Граѓаните велат – се турка попис и ни се продава дека тоа е безбедно, а од друга страна ќе не затворат дома. Кафулињата работат до 21 часот и  се преполни, а од 22 часот ќе воведуваат полициски час.

Една од клучните прашања кое го наметнува јавноста е дали и покрај ризикот од ширење на вирусот, власта и понатаму ќе ја турка статистичката операција. Или пак паралелно со воведувањето на полициски час ќе се стопира и пописот?

Алфа побара став од статистичарите. Директорот на заводот вели до одржување на пописот имало време, до тогаш тие ќе се подготвувале пописот да почне на 1 април, но ако има препорака од комисијата за заразни болести истиот да биде одложен, а владата со одлука тоа го потврди, тие ќе го почитуваат тоа.

  • Имаме 23 дена до почетокот на пописот ако не се лажам. Комисијата за заразни болести дава препораки и Владата ги освојува и ако оцени дека нема да има услови за попис во тој период ние ќе мораме да почитуваме. Меѓутоа додека тоа не се случи ние прави подготовки – рече Апостол Симовски – директор на завод за статистика.

Симовски вели дека од технички гледано полицискиот час нема да им пречи на попишувачите да одат по домакинствата, оти би работеле од 8 наутро до 20 часот навечер, а полицискиот час ќе почне од 22 часот.  Дали доколку не се одложи пописот тие како институрција ќе реагираат истиот да се одложи, Симовски рече засега немале таква можност.

  • Неможам да кажам ништо во моментов, бидејќи не знаеме зраствено како ќе се одвива состојбата. А од друга страна ние не сме стручни во тој дел , најмалку сме стручни…вели за Алфа Апостол Симовски – директор на завод за статистика.

Претходно премиерот Заев на прашање на Алфа за тоа дали ќе се одложи пописот заради високите бројки, рече попис ќе имало, оти протоколите биле направени во месец ноември кога бројките биле четрицифрени.

Последните неколку месеци многу држави од Европа го одложија пописот заради пандемијата, последна држава во регионот која го одложи пребројувањето на населението е Хрватска, која треба да започне со попишување во април, но го одложија за на есен, ако здравствената состојба дозволи.

Мери Ѓорѓиевска

Advertisements

Поврзани вести