Има ли Александар Верушевски уште „бомби“ за Заев?

Уште колку „бомби“ за Зоран Заев има Александар Верушевски? Оваа дилема се појави откако лидерот на СДСМ изјави дека токму Верушевски јуниор ги снимал разговорите кои беа објавени на Јутјуб,  а тој со коментар на Фејсбук отвори многу дилеми во јавноста. Го запрашавме, дали има уште разговори со Заев и кога ќе ги објави. Од него само кратко добивме одговор дека нема коментар. Претходно во коментар на Фејсбук напиша:

-Замисли колку е сигурен дека само тогаш бил снимен… Јадник“. Game Over, пишува Верушевски јуниор.

Заев пак вели бил во добри односи со семејството Верушевски.

-Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Јас сум пријател со сите, не негувам тежини и навистина тој така одлучил, тој така направил. Нема што јас сум многу близок со неговото семејство, ги сакам неговите дечиња, со професорот Верушевски, тој е претседател на нашата комисија за внатрешна безбедност, изјави Заев.

Синот на еден од најблиските луѓе на Заев реагираше и откако екс премиерот ги спомена неговите деца во изјава пред медиумите.

-Мала забелешка. Тој дел со децата е директна закана… Се познаваме јас и он убаво!, пишува Александар Верушевски.

Зоран Верушевски е советник за национална безбедност во Владата и претседател на партиската за внатрешни работи на СДСМ. Поранешниот дирекот на ДБК, во минатото имаше проблеми со однесувањето на својот син. Против Александар имаше неколку кривични пријави за нелегално поседување оружје, за нарушување на јавниот ред и мир, за крадење  на службено возило од неговиот татко, за обид за убиство, за изнуда и за газење човек со автомобил. Верушевски јуниор беше и осуден на две години затвор, но Бранко Црвенковски, како шеф на државата брзо донесе одлуката за неговото помилување.

Тој последен пат беше политички актуелен во 2015 кога се најде на списокот лица кои политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ги повика на Анкетната комисија за утврдување на политичка одговорност за скандалот со прислушувањата.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста