Им пукна филмот и на скопските градоначалници од Арсовска, бараат да се назначи владин повереник

Им пукна филмот и на скопските градоначалници од Арсовска, бараат да се назначи владин повереник

По премиерот Христијан Мицковски и градоначалниците на скопските општини бараат владата под итно да и ги одземе ингеренциите на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

На денешниот координативен состанок тие донесоа одлука да достават предлог до Владата и Министерството за животна средина и на првата владина седница да им се одземат ингеренциите на Јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило и тие да се расформираат, а нивните надлежности да ги преземат општините. 

Изјава: Орце Георгиевски, градоначалник на општина Кисела Вода

„Бараме Владата да назначи владин повереник во двете јавни претпријатија и да започне процес на трансформација, односно на расформирање на овие две јавни претпријатија и предавање на обврските, но и на одговорностите на секоја од скопските општини. Одговорно тврдиме дека како градоначалници, како што ги извршуваме своите обврски во изминатиот период и ги задоволуваме потребите на нашите сограѓани, со дополнително зголемување на обврските од овие две претпријатија, откако ќе бидат расформирани, ќе дадеме барем дупло подобра работа од она што го имаме во моментов, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски рече дека процесот на трансформација на овие јавните претпријатија ќе се одвива етапно и ќе бидат потребни неколку законски измени.

Изјава: Орце Георгиевски, градоначалник на општина Кисела Вода

„Општина Аеродром логички е да добие повеќе возила од мојата општина, Кисела Вода. И на тој начин сите ќе си ги преземат и обврските и надлежностите, но и механизацијата заедно со вработените, ќе си се подели према општините. Она што ние ќе го направиме во наредниот период и сме спремни, дел од општините, еве ние Гази Баба и мислам останатите неколку имаат јавни претпријатија, а има и општини кои што немаат јавни претпријатија, но тоа не е некоја квантна физика процес, се решава многу брзо во интерес на граѓаните само тоа ќе треба да си го превземат како дејствие, мислам дека се ќе оди глатко едноставно и ќе имаме услуги какви што нашите граѓани заслужуваат и е процес кој нема да се менува во перспектива, туку е трајно решение“, рече Георгиевски.

Во 21 век, на секој чекор прераснува дива депонија и во Скопје е срамота турист да дојде, велат градоначалниците кои додадоа и дека дополнително ќе треба да се разговара со Владата за да се реши и проблемот со ЈСП „Скопје“, бидејќи и ова претпријатие не функционира.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу рече дека не можат да остварат никаков контакт со Арсовска, ниту по телефон, ниту по мејл за да ги решат проблемите кои ги тиштат Скопјани.

Изјава: Висар Ганиу градоначалник на Чаир

Немаме комуникација ниту поединечно како колеги, градоначалничката нè блокирала на телефон, но немаме ниту службена комуникација, не знаеме како да функционираме“, кажа Висар Ганиу.

Инаку на денешниот состанок скопските градоначалници разговараа за состојбите со градот и нефункционалноста на претпријатијата. Присуствува сите градоначалници од општините, освен двајца кои се на одмор, а на нивно место дојдоа нивни претставници.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста