Им го убил синот, па добил помилување – Алфа сторија за голготата на семејството Костови

Во болка и тага, Бранка и Стојан Костови ги минуваат деновите во својот дом во кочанско Спанчево. И по шест години од убиството на нивниот син Даниел, болката не стивнува. Единствена светлина им е деветгодишниот Стефан, синот на Даниел. Тие се негови старатели.

„Многу е тешко да чуваш сираче. Може да чуваш внуче, ама да знаеш дека мајка му и татко му ќе се вратат. Ова е без родители. Даниел ни умре на 22 години, за детето да не е во дом, бидејки мајка му се откажа, му станаваме старатели“ вели Бранка

Убиецот на Даниел, доби шест години затвор и на малиот Стефан да плаќа алиментација, се додека не наполни 18 или 22 години. До сега Бранка и Стојан немат добиено ниту денар.

„Детето има од каде да зима. Од тој што му го уби татко му. Со судска пресуда треба да му дава 4.000 денари секој месец. Меѓутоа он му дава. Тој не е осигуран во фирмата на жена му. Меѓутоа фирмата е семејна. Министерството за правда, министерството за труд и социјала, знаат дека Стефан расте без родители. Они треба да притискаат овој на детето да му дава пари“, вели Бранка.

Семејството пеживува со 9.300 денари инвалидска пензија на Стојан и малата помош од другиот син, кој пред половина година замина на печелба во странство. Разочарани се од целоснота негрижа на институциите.

„Дали да купам апчиња, дали да купам леб. Институците не работат како што треба. Во Центарот за социјални работи ни викат не ви следува оти дедото зема пензија. А мене кој да ми даде, што го чувам детето. Барем нешто мене Министсерството за труд да ми даде, тие пари ќе бидат само за стефан“, вели бабата.

По основ на стрес, алиментација убиецот на семејството му должи над 3 милиони денари. Костови тврдат дека има 80 декари земја и крави. Со парите сакаат на Стефан да му купат стан. Се плашат дека еден ден нивниот внук може да се најде пред искушение и да посегне по убиецот, кој живее само на стотина метри од нив.

„Секој ден го мислам кога се враќа од училиште. Му е страв да поминува од кај него. Еднаш дури му се и закани. Пријавивме во полиција“, вели стојан костов.

Сакавме да ја слушнеме и страната на осудениот, но соседите ни рекоа дека излегол, не е дома.

Во 2014 година, 22- годишниот Даниел по неколку дена во кома им подлегна на повредите кои со клешта во пределот на главата му ги нанасе првиот сосед. Убиецот беше помилуван, така што за убиството на Даниел одлежа само четири години.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста