ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ВО ЧИЛЕ НАСИЛНО ЈА ОДБЕЛЕЖАА ГОДИШНИНАТА ОД КРВАВИТЕ ПРОТЕСТИ, ПЛАМЕНИ ЈАЗИЦИ ГИ ГОЛТАА ЦРКВИТЕ

Најмалку две цркви се запалени во чилеанскиот главен град Сантијаго. Илјадници луѓе демонстрираа во знак на одбележување на првата годишнина од протестите што беа предизвикани од покачувањето на цената на метрото, а потоа се проширија и беа против корупцијата и зголемените трошоци за живот.

Протестите започнаа мирно на плоштадот „Италија“, но набрзо ситуацијата ескалираше поради зголеменото присуство на полицијата.

Јужноамериканската земја беше погодена од насилните протести во периодот од 18-ти октомври до 20-ти ноември минатата година, протести кои го парализираа главниот град на земјата. Демонстрантите побараа подобар пристап во здравствената заштита и образованието, како и оддалечување од неолибералниот економски систем.

Во протестите беа убиени најмалку 30 лица, а чилеанската полиција се најде на удар на критики поради примената на прекумерна сила.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста