„Илинденска“ продолжува да калкулира за тоа што се разговараше во Берлин со бугарските претставници

Македонската влада не открива со какви позиции настапила во Берлин во врска со изнаоѓање на решение за спорот со Бугарија. Не кажуваат што договориле, ниту за јазикот, ниту пак за идентитетот.

Прашање: Со какви позиции, какви црвени линии отиде Македонија да преговара во Берлин?

Конкретно, паралелно се одвиваат контактите меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и на Северна Македонија. Во овој момент цениме дека во интерес на тој процес не треба да се изнесуваат детали. Секако важно е да се напомене дека сите овие контакти водат кон заедничко разбирање и секој нов состанок води кон зајакнување на довербата и приближување на позициите, истакна владиниот портпрол.

Заев пред ова тврдеше дека спорот пред крајот на годината може да биде решен токму споменувајќи анекс. Денеска владиниот портпарол пак со спротивна изјава дека анекс не бил потребен. Договорот за добрососедство бил добар.

  • Нашиот став е дека нема потреба од нов договор и од анекс на договорот-рече Душко Арсовски – портпарол на Владата.

Но прашањето е што крие македонската влада како адут за одблокирање на проблемот? Особено откако вчера Каракачанов јасно порача, без анекс на договорот вето не ни бега, оти Бугарија немала гаранција дека Македонија ќе го исполни договорот. Не заборавајќи да нагласи оти  Македонците требале да признаат дека имаат бугарски корени до 1944 година.

  • Единстевна гаранција би можел да биде писмен анекс кон Договорот од 2017, што ќе ја одразува бугарската Рамковна позиција и Декларацијата на бугарскиот парламент од октомври 2019 година-рече Красимир Каракачанов – вицепремиер на Бугарија.

Дополнително покрај софиските функционери, и самите бугарски граѓани, и тоа цели 84 проценти од нив бараат од нивната влада да стави стоп за Македонија за да не можеме да ги почнеме преговорите со ЕУ, ако не ги признаеме јазичните и идентитетските бугарски корени. Ова се резултатите од мерењето на јавното мислење што вчера го објави новинската агенција БГНЕС.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста