Илијовски: Новите рестрикции ја преполовија работата на казината и обложувалниците

Новите владини мерки, каде за влез во објектите се бара сертификат за вакцина или потврда за прелажан Ковид, буквално ги испразни казината и спортските обложувалници. Од Асоцијацијата на спортски обложувалници за Алфа велат дека овие рестикции за само два дена довеле до значителен пад на прометот кај игрите на среќа. Според Васко Илијовски, посетеноста била намалена за 60% до 70%, што неминовно ќе влијaе врз приходите, зашто само од овој бизнис годишно се вратат милионски суми.

  • Сертификатите за вакцина буквално ги испразнија казината, прометот е драстично намален, тоа е. Не можеме ништо да сториме, освен дека ќе продолжиме да ги следиме владините мерки и протоколи кои се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните и превенција од понатамошно ширење на вирусот, вели меѓу другото за Алфа Васко Илиевски од Асоцијацијатана на спортски обложувалници.

Алфа дојде до фотографии од спортски обложувалници каде јасно се гледа дека внатре нема „жив“ човек. Апаратите се празни, без луѓе, шанковите исто така, сликата далеку од онаа од пред неколку дена.

Од Асоцијацијата на обложувалници алармираат и за натамошно големо намалување на приходите, кое пак може да резултира со отпушање на работниците.

Инаку, во секторот игри на среќа работат над 10.000 луѓе. Преку даноците кои ги плаќаат, годишно во државниот буџет од нив се слеваат 280 милиони евра или учествуваат со 4% во бруто домашниот производ.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста