Илија Несторовски даде гол во големиот триумф на Удинезе кај Рома

Илија Несторовски даде гол во големиот триумф на Удинезе кај Рома од 2-0. Нашиот прв репрезентативен напаѓач влезе во 65 минута за 13 подоцна да го заклучи мечот на Олимпико и да ги исполни најавите дека во ова продолжение ќе биде поефикасен. За Несторовски ова е втор гол сезонава, а за екипата од Удине првата победа по девет кола и три бода се исклучително важни во борбата за опстанок.

Advertisements

Поврзани вести