ИКТ индустријата може да ја мапира Македонија како иновативна технолошка дестинација

Како да се стопира одливот на информатичари од земјава. ИТК индустријата е најбрзорастечка во земјава, која вработува најпрогресивните кадри. Сите овие показатели, според странските инвеститори, покажуваат дека оваа индустрија би требало да стане мотор на развојот на државата.

Сега, најголем проблем со кој се соочува ИТК индустријата, е недостиг на работна сила, на што треба да се работи во иднина. Дел од компаниите што се заинтересирани да инвестираат ги мачи Ковид кризата, но сметаат дека овој бизнис може да го заре одливот на млади кадри, вели за Алфа Виктор Билјански, главен технички директор и ко-основач на „Скеил Фокус“.

  • Еве конкретно, што беше денешната средба и како ќе се поттикнат младите претприемачи да останат во нашата земја?
  • Ние минатата година ја лансиравме и решивме да ја направиме најголемата ИКТ инвестиција во Македонија во износ од 45 милиони евра, и дојдовме тука за да видиме и да потврдиме дека нашите планови продолжуваат во полна сила. Нашата цел е да инвестираме во обуката на младите кадри, кои би имале можност да се вработат во меѓународна ИКТ компанија, на интересни проекти, да бидат добро платени и да имаат можност да напредуваат и да ја развиваат својата кариера, тука во Македонија, и ние сакаме да допринесеме за тоа кога би обучиле голем број на стручен кадар кој би можел да започне да работи кај нас, и другиот дел кој би започнал со работа во други ИКТ компании во Македонија, вели Билјански.
  • Што треба да се направи еве конкретно за работниците, Македонците да останат во сопствената земја, затоа што имаме за жал лошо искуство што млади и талентирани секоја година ја напуштаат земјата?
  • Најважното тука, според мене се две нешта. Прво да бидат добро платени. И второ, да имаат можност да работат на интересни проекти со најновите технологии, поголеми проекти кои ќе им овозможат да ја развиваат својата кариера. За жал, во моментов има пречки со КОВИД кризата, и доста потешко е да се обучат младите кадри, бидејќи е многу полесно кога луѓето одат во канцеларија и можат да научат директно од колеги што имаат повеќе искуство. Точно затоа сакаме да помогнеме со формирањето на нашата Скеил Фокус академија, каде ќе им дадеме можност за пракса и обука на младите, кои многу брзо ќе добијат идеа за практичниот дел што се учи во универзитетите или училиштата, смета Билјански.
  • Верувате ли ете, дека ќе се поттикне економијата на некој начин и ќе има отварање на нови работни места и секако младите да останат тука?
  • Јас верувам декаво светот се случуваат процеси за дигитализација, во различни области и има се повеќе потреба од високо образовани ИТ кадри, и ние за да можеме да помогнеме, решивме дека секоја компанија треба да инвестира во обуката на тие квалификувани кадри, затоа што тоа ќе помогне во конкурентноста на Македонија. И со тоа, младите ќе можат да останат во државата и да работат тука, додава Билјански.